Радио Милева

(ФОТО) Привилегија и чест: Еве кој Македонец ќе добие специјален третман од Марија Шерифовиќ во Скопје!

(ФОТО) Привилегија и чест: Еве кој Македонец ќе добие специјален третман од Марија Шерифовиќ во Скопје!

На 17-ти март во Вип арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се случи првиот голем солистички концерт на српската поп-ѕвезда Марија Шерифовиќ.

А бидејќи речиси ниеден концерт не поминува без специјални гости, така и за овој Марија нема да ја изостави оваа пракса, па на еден свој колега и познаник од Македонија ќе му го отстапи микрофонот и сцената пред нејзината бројна публика.

Станува збор за победникот од минатата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески кој деновиве беше најавен дека тој ќе биде специјалниот гостин на концертот.

Единствената српска победничка на најголемиот музички натпревар во Европа – Евровизија, реши да ги израдува своите обожаватели од Македонија и да го покани токму Ристе.

Имено, покрај тоа што членовите на жирито во „Гранд“ едногласно ги дадоа своите гласови за Ристески, сепак најгласни во одлуката и пофалбите на негова сметка, беа Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ кои во своите изјави за медиумите не се штедеа на комплиментите за талентот на нашиот талент.

Инаку, на концертот во Скопје, Ристе ќе ја отпее својата прва балада насловена „Добро јутро тајно“ за која сними и спот.