Радио Милева

(ФОТО) Лила и Ања Ветерова имаат километарска разлика во годините, но кога е вкусот во прашање се многу блиску!

(ФОТО) Лила и Ања Ветерова имаат километарска разлика во годините, но кога е вкусот во прашање се многу блиску!

Годините и не се некое мерило кај припадничките на понежниот пол, особено кога во прашање се модата и тековните трендови.

ТВ водителката Лила Филиповска ретко пропушта да не го набави и има на себе она што и прилега, а е актуелно во светот на модата, па и меѓу помладите.

Ова лето и тоа како се актуелни женските очила со облик на мачкини очи, а Лила веќе се опреми со неколку слични модели.

A post shared by @lilafilipovska on

Едни од тие се и таквите во облик на срце, а баш за истите се фати и младата пејачка Ања Ветерова.

A post shared by A N N I A🎤 (@anjaveterova) on

И двете моментално уживаат покрај вода во овие топли летни денови, а секако не пропуштаат да ги полнат и своите профили, особено оние на Инстаграм.

Па така, забележавме дека Ања и Лила можеби не се генерациски блиску, но имаат ист вкус кога се очилата за сонце во прашање.

И двете на себе носат очила во форма на срце со бела рамка, а мора да признаеме дека и на двете им прилегаат одлично.