Радио Милева

(ФОТО) Илјадници честитки: Познатиот македонски фолк пејач стана татко за првпат!

(ФОТО) Илјадници честитки: Познатиот македонски фолк пејач стана татко за првпат!

Нема поубаво чувство од тоа да се добие свој наследник, плод на љубовта кој ќе те радува во животот.

Таа среќа ја дочека познатиот фолк пејач Кирил Митоски и неговата сопруга Весна.

Имено, гордиот татко на социјалните мрежи пред своите пријатели, обожаватели и следбеници ја сподели убавата вест дека тој и неговата сакана сопруга станаа родители на девојче.

Имено, бебенцето го доби името Јована, а под објавата на пејачот се нижеа коментари со честитки до недоглед.

Инаку,  оваа брачна двојка неодамна прослави петгодишнина од бракот, а интересно е тоа што и двајцата работат во Националната установа за народни игри и песни, „Танец“, тој како пејач, а таа како игроорка, а освен тоа Кирил подолг период успешно ја богати и својата музичка кариера.

Честитки!