Радио Милева

(ФОТО) Божествено убава, неверојатно згодна, блескаво шармантна… Каролина ги грее очите во новата фотосесија

(ФОТО) Божествено убава, неверојатно згодна, блескаво шармантна… Каролина ги грее очите во новата фотосесија

Кога е во прашање музиката таа е неприкосновеното македонско девојче кое ги воодушевува сите возрасни генерации.

Веќе знаете, станува збор за дамата која повеќето милуваат да ја наречат и македонската поп принцеза – Каролина Гочева.

Минатата година и се случи важен момент во живот, стана госпоѓа и сопруга, потоа го издаде новиот албум „Извор“ со кој руши рекорди со одржаните концерти освoјувајќи ја публиката.

Во меѓувреме не го запостави ниту својот приватен живот. Посети неколку атрактивни дестинации и изгради нови спомени со саканиот Михо.

Освен тоа започна и нова соработка со познати модни брендови за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи.

Деновиве беше објавена уште една нова фотосесија во која таа е божествена цветна кралица.

Во ова издание Каролина изгледа урбано, тренди и минималистички во стајлинг кој целосно го отсликува нејзиниот сензибилитет, а тоа се препознава и во дозата на енергија и шарм со кои позира и ја носи облеката.

Како изгледа она што го опишавме, гледате од фотографиите во продолжение изработени од  Лилика Стрезоска, додека моделите се на MAX&Co и Magnetic.

фото:фејсбук