Радио Милева
потврдена теза

Фолкерката Џесика Палашоска е уште еден доказ дека на секоја згодна блондинка, мора на рамо да и виси некој мајмун (ФОТО)

Фолкерката Џесика Палашоска е уште еден доказ дека на секоја згодна блондинка, мора на рамо да и виси некој мајмун (ФОТО)

Како што веќе во неколку наврати објавивме, двете атрактивни македонски фолкерки, Џесика Палашоска и Адријана Кеш, заедно со машката пејачко-музичарска екипа во проширен состав се на турнеја низ САД, која започна уште пред нова година.

Освен што им пејат, ги забавуваат, веселат и расположуваат нашинците, двете убавици наоѓаат по малку слободно време за себе. Или поточно, како млади моми – немажени, се пуштаат во акција по млади ергени… ама од наш сој!

Онакви какви што ги дал Господ, атрактивни, сексапилни, цицлести, згодни – неопходни, русокосата и бринетата се „убиствена комбинација“… И стас и глас, а Бога ми и телесни атрибути, арно ама… Мината вечер очигледно отишла фира… Без резултат на љубовен план! Доказ – утринското будење на фолк убавиците кои спиеле во иста соба, ама одвоено. Двете дами повторно… сами!

Вечерите за време на викендот се резервирани за настап, па затоа фолкерките денот го минаа во проба… да се утврди материјалот и прошири репертоарот!

Но, она што русокосата сакаше да го скрие од црнката, сепак не остана тајна, иако Џесика тајната оддамна ја носи во себе.

Имено, постои мислење кое дури и во песни е опеано, дека русокосите се позабавни од црнките… Некои тврдат дека биле и посекси, па затоа на блондинките многу почесто им досаѓале, ги напаѓале, им се додворувале, умилкувале, упикувале, ги задевале…

Иако повеќето од нас можеби нема да се согласат со оваа теза и ќе речет дека симпатиите и привлечноста кон едните или другите се прашање на вкус, Џесика сепак се потруди да не демантира, откривајќа ја тајната што ја имаше премолчено.

Русокосата битолчанка сподели фотографија на која покажа и докажа дека на секоја згодна блондинка, обавезно мора на рамо да и виси некој мајмун!

До душа, фотографијата не е од турнејата по САД, туку е направена малку порано во Тајланд, ама доказот е тој!  Американската потврда на тезата, допрва се чека да биде овековечена на слика!