Радио Милева

Фолк ѕвездите на забава крај базенот: Бујните дами го сервираа телесниот раскош (ФОТО)

Фолк ѕвездите на забава крај базенот: Бујните дами го сервираа телесниот раскош (ФОТО)

На „Гала ноќта на познатите личности крај базенот“ во луксузно украсениот екстериер на “Ковилово одморалиште”, минатата ноќ се појавија  музичките ѕвезди.

Меѓу првите пристигна Ана Кокиќ која на новинарите и фоторепортерите им порача:

„Сите ние имаме бујни гради, па ќе имате многу работа и страници исполнети со нашите раскошни атрибути“.

„Гради во гради“ со неа можеше да се натпреварува Дара Бубамара, која дојде дури од Нови Сад и покрај здравствените проблеми.

„Ништо не е тешко за мојот пријател, уредникот на шоуто Ексклузивно, кое ми додели две награди. За најоригинален концерт и најинтересни изјави во споменатото шоу. Јадно што некои квазиѕвезди не дојдоа на овој гламурозен настан“, рече Дара, и ја праша Маја Беровиќ дали има спреј за комарци чија инвазија ја почувствува на себе.

„Тоа е затоа што таа е најслатка“, со насмевка коментира Маја Беровиќ.

На забавата присуствуваа и Јадранка Барјактавиќ, која ја доби наградата за „најдолги нозе на шоуто“, но истакна дека Снежана Бабиќ Снеки се уште е на тронот според неа.

Останати вести од Радио Милева