Радио Милева

Филип Божиновски не може да дочека да стане татко – сега со симболична фотографија го откри и полот на бебето (фото)

Филип Божиновски не може да дочека да стане татко – сега со симболична фотографија го откри и полот на бебето (фото)
фото:антонио станковиќ/филип божиновски/фејсбук

Некои љубови опстојуваат и покрај сите предизвици и со текот на времето стануваат посилни. Пејачот Филип Божиновски и неговата сопруга Сања Митровски ќе станат родители во време на коронавирус.

Ѕвездата на Гранд и неговата избраничка, со која си го кажаа судбинско „да“ пред две години, ги објави среќните вести на социјалните мрежи.

„Во ова лудо време, чекаме да ни се случи убава работа“, напиша Филип Божиновски на социјалните мрежи, заедно фотографии на кои се гледа дека Сања веќе е во напредна бременост.

Имаше претпоставки за тоа кој е полот на бебето, а потоа ги решија дилемите со уште една фотографија.

Филип и Сања наскоро ќе станат родители на девојче бидејќи на фотографијата држат женски бебешки чевлички.

фото: „grand.online“

После 12 години љубов и две години брак, наследничката наскоро пристигнува како круна на нивната љубов.

Останати вести од Радио Милева