Радио Милева

Фиктет и Есра од „Истанбулската невеста“ за првпат станаа родители – гордиот татко ја покажа својата мала принцеза (фото)

Фиктет и Есра од „Истанбулската невеста“ за првпат станаа родители – гордиот татко ја покажа својата мала принцеза (фото)
фото:салих бадемчи/инсатграм/ @korayparlak

Турските актери Салих Бадемчи и Имер Узгун, познати како Фикрет и секретарката Есра од серијата „Истанбулската невеста“ станаа родители за првпат.

Во серијата тој е во брак со Ипек, но во реалноста негова вистинска сопруга е асистентката Есра од серијата, односно актерката Имер Узгун.

Двојката во реалноста е во врска од 2014 година, а се венчаа во 2015.

фото:салих бадемчи/инсатграм

Салих и Имер, во моментов кај нас се актуелни со серијата „Истанбулската невеста“ каде тој е оженет, но заљубен во својата асистентка Есра, односно сопругата во реалноста.

Во серијата можеби универзумот не им беше наклонет, но во вистинскиот живот тие имаат среќен и хармоничен брак.

фото:Имер Узгун/инсатграм

Актерите гордо се пофалија со својата наследничка и објавија фотографии со бебето на своите Инсатграм профили.

Останати вести од Радио Милева