Радио Милева

Фановите збунети: Македонија нема да има претставник во „Ѕвездите на Гранд“?

Фановите збунети: Македонија нема да има претставник во „Ѕвездите на Гранд“?

Секоја сезона во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има претставници од просторите на бивша Југославија.

Оваа година како македонски претставници се претставија Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски и Огнен Здравковски.

Во неколку круга тие успееја да го воодушеват жирито со својот талент и интерепретација. Но, изгледа тоа не беше доволно, па Ивона прва го напушти музичкото шоу и замина од сцената на Гранд.

Деновиве се снимаа последните кругови пред супер финалето. А за жал, во петиот круг испаднаа и двајцата македонски претставници кои останаа во „Ѕвездите на Гранд“.

За жал, Мартинијан и Огнен испаднаа во петиот круг и не се пласираа во супер финалето. Така да, оваа година Македонија нема да има македонски претставник во самиот финиш.

Македонските пејачи на социјалните мрежи објавија дека  за оваа година завршиле со натпреварувањата. Но, кој знае можеби следната година ќе се пријават и ќе им донесат победа на Македонија. 

И последните двајца Македонци кои останавме во ” Ѕвезде Гранда ” официјално испаднавме во 5 круг, односно во ТОП 40 ( ТОП 20 – МАШКИ и ТОП 20 – ЖЕНСКИ ) . Ви благодарам од се срце што ми дававте неизмерна поддршка во текот на натпреварувањето. Ве обожавам! ❤ —————————————————————————– I poslednja dva Makedonca koji smo ostali u ” Zvezde Granda ” , oficijalno smo ispali u 5 krugu, ustvari u TOP 40 ( TOP 20 – MUSKI i TOP 20 – ZENSKI ) . Hvala vam iz sveg srca shto ste mi davali poddrsku tokom takmicenja. Obozavam vas! ❤ #zvezdegranda #grandproduction #jelenakarleusa #acalukas #anabekuta #draganstojkovicbosanac #vikimiljkovic #marijaserifovic

A post shared by Martinijan (@martinijankirilovski) on