Радио Милева

Фановите на српската серија ја нападнаа Александра Пријовиќ: „Подобро некој од улица отколку оваа“

Фановите на српската серија ја нападнаа Александра Пријовиќ: „Подобро некој од улица отколку оваа“
фото: Принтскрин/инстаграм

Александра Пријовиќ ќе се појави во две епизоди во серијата во четвртата сезона на серијата „     Убиецот на мојот татко“ во улога на пејачката Мила, но тоа ги изнервира фановите на серијата.

Љубителите на серијата се разочарани од продуцентотот поради одбирот на „Гранд“ ѕвездата бидејќи нема талент за глума.

фото: принтскрин/инстаграм

Коментарите кои фановите ги оставија на официјалниот профил на серијата на „Инстаграм“ се многу сурови и разочарувачки.

Откако е објавена изјавата на Прија дека ќе биде во серијата, започнаа веднаш со негативни коментари.

фото: Принтскрин

„Мора ли секој да го повикувате во серијата. Ја обожавам серијата. Но, оваа личност треба да ја исфрлите“ се разочарани гледачите.

Имаше и коментари кои потсетија дека во Србија има многу млади актери кои се без работа.

фото: Принтскрин/инстаграм

фото: Принтскрин/инстаграм

„Луѓе, ајде малку посериозно. Веројатно има толку млади актери кои чекаат на повик. Нека секој си ја работи својата работа. Не глумила од основно училиште. Ова не е тезга туку работа за која луѓето се школуваат. Ајде да пее една песна, но оваа е глупост“ се само некои од коментарите.

фото: Принтскрин

Еден од фановите истакна дека не можело ништо полошо да и се случи на серијата.

„Ја уништивте серијата со нејзината улога, зарем нема ниту една друга актерка. Не уништувајте ја серијата со некои глупави ликови и пејачки. Подобро некој од улица да поканевте. Сакам да верувам дека е шега“ е друг коментар.

Останати вести од Радио Милева