Радио Милева

Евровизија ги избра највпечатливите костим промени на сцената низ годините, а меѓу нив и Македонија со…

Евровизија ги избра највпечатливите костим промени на сцената низ годините, а меѓу нив и Македонија со…
фото:принткрин/јутјуб

Македонија не може да се пофали со добар пласман низ годините на Евровизија, но барем може да се пофали со тоа што организаторите ја ставија меѓу најдобрите костим промени на сцената од почетокот на овој голем музички натпревар, па се до последното издание.

Имено, на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб се најде видео со селекција на највпечатливите промени на сцената, а меѓу низ се најде и Каролина Гочева со настапот од 2002 година со песната „Од нас зависи“, кога го носеше драматичниот фустан со македонска симболика, дело на модниот дизајнер Александар Ношпал.

enacademic.com

Иако македонската јавност не толку еуфорично ја очекува Евровизија како минатите години и постојано се води дилема дали да се учествува или не, оваа 2019 година нашата земја повторно ќе ја има на големата евровизиска сцена, но со кој претставник, останува да почекаме.