Радио Милева
Документот не им ја менува хармонијата

Еве зошто Весна и Ѓоле Ѓогани не се венчани – причината ја открија по цели 20 години поминати заедно

Еве зошто Весна и Ѓоле Ѓогани не се венчани – причината ја открија по цели 20 години поминати заедно
фото:весна ѓогани/инстаграм принтскрин

Иако се заедно две децении и имаат две деца, Весна и Ѓоле Ѓогани никогаш не стапнале на „лудиот камен“, а сега откриваат и зошто.

Популарната двојка верува дека чинот на брак не би променил ништо во нивната врска и посочуваат дека најважно им е што имаат хармоничен однос дури и без потпис на хартија.

– Свадбата е само договор кој нема никаква врска со љубовта, а кој подоцна може да ви предизвика големи проблеми и перипетии доколку сакате да се разведете – рече за „Ало“ Ѓоле, кој пред врската со Весна беше во брак со Слаѓа Делибашиќ со која има две ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)

Како што велат тие, тие исто така можеда ја нарушат врската доколку нема меѓусебна доверба.
– Тоа можат да го скршат ако партнерите не се разбираат. И двајцата имаме разбирање за додворувачите, но и за лошите коментари. Дваесет години сме заедно, ги надминавме сите детски болести – вели Весна.

– Свесна сум дека жени и девојки ги гледаат настапите на Ѓоле, а момчињата ме гледаат мене – додаде пејачката, а тој ја надополни:

– Фактот дека девојките ме гледаат е сосема во ред, но кога момците ја гледаат, не е убаво.
Кога започна пандемијата на вирусот корона, Весна започна профил на социјалната мрежа Тик Ток, каде е многу активна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)

– Семејството и домот се секогаш мој приоритет. Не ги занемарувам за ништо, дури ни за социјалните мрежи, но кога станува збор за Тик Ток, се обидувам да ставам сè што не ја преминува границата на интимност. Свесна сум дека ме следат родители и деца, но и дека и самата сум мајка. Мојата цел е да ги забавувам луѓето, но и јсебр – рече таа за споменатиот медиум.

Останати вести од Радио Милева