Радио Милева

Еве зошто Вељко Ражнатовиќ живее во куќата која ја доби на мираз од бабата и дедото, а не кај мама Цеца

Еве зошто Вељко Ражнатовиќ живее во куќата која ја доби на мираз од бабата и дедото, а не кај мама Цеца
фото:принтскрин/инсатграм/богдана ражнатовиќ/фан

За раѓањето на малиот Жељко Ражнатовиќ, син на Вељко и Богдана, се славеше цели два дена – пред породилиштето, во Вила Ражнатовиќ и во Тител.

Откако гордата мајка ја напушти болницата, таа со нејзиниот сопруг се упати кон нејзината куќа во Тител, каде што во моментот живеат.

Тие се таму привремено додека не заврши реновирањето на катот што се проширува за да  биде што е можно поудобно за новите родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdana Ražnatović | FAN PAGE (@allbogdanaeverything) on

„Бидејќи во Србија преовладуваше вонредната состојба, семејството Ражнатовиќ не можеше да ја заврши работата во куќата. Имено, тие го реновираа домот каде ќе живеат Вељко и Богдана, го проширија тој простор и договорија катче за малиот Жељко. По планот требаше да заврши сè во мај, но работата беше одложена поради короната. Се’ ќе биде во бели и сини тонови, како од бајка. Планот е сè да се заврши во следните неколку дена, а дотогаш Вељко и Богдана ќе бидат во Тител кај мајката и таткото на Богдана. Цеца пак, испраќа се што им треба од Белград секој ден и не може да чека да дојдат во семејниот дом “. рече изворот за Курир.рс

Иако се пишуваше дека Вељко и Богдана ќе живеат во вилата на Дедиње, а Цеца и мама Богдана ќе се грижат за бебето, излезе дака посреќна ќе биде Даниела, бабата на Вељко која повеќе ќе ги  гледа ќерката и внукот бидејќи ќе живеат во нејзиниот град, а не во Белград.

Останати вести од Радио Милева