Радио Милева
ендемски вид

Еве зошто Миро Кацаров е „обратен“? (ФОТО)

Еве зошто Миро Кацаров е „обратен“? (ФОТО)

Мирослав Миро Кацаров, кого јавноста секојдневно го гледа како главен водител на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, па оттаму најмногу по тоа и го препознаваат, е вистински феномен. Природна реткост, кaква што Република Македонија можеби и нема… Не барем друг како него, па затоа Миро важи за ендемски вид!

Арно ама, малкумина знаат дека Миро Кацаров важи за „обратен!“ Неееее… не е тоа што некои можеби помислија, зашто она „обратен“ во скопски жаргон  значи нешто друго, а Mиро е се’ само не тоа, ама сепак е… „обратен“! Еве и зошто!

Имено, можеби знаете, можеби не, дека Мирослав Кацаров всушност е политичар. Миро е член на Либерално – Демократската партија, поточно нејзин портпарол, политичка странка која е дел од  владеачката коалиција.

Познато е дека последниве години плејада познати јавни лица, пејачи, водители, актери, спортисти… влегоа и се’ уште влегуваат во политиката. Од водителот Димитар Атанасовски, актерот и водител Тони Михајловски, неговите колеги Зоран Љутков, Крсте Јовановски, покојните Биљана Беличанец и Ванчо Петрушевски, Благоја Чоревски, Владимир Талевски – Двојче, Петар Арсовски  или Драган Спасов -Дац, пејачите Цветанка Ласкова, покојните Есма Реџепова и Момо Николовски, манекенката и водителка Драгана Чуприна,  спортистите како кошаркарите Петар Наумовски, Дејан Јовановски или сега ракометарот Борко Ристовски… Или советниците на премиерот како комичарот Бубо Каров и сега екс водителката Иванна Хаџиевска – Кошевалиски… и уште еден куп други!

За разлика од сите нив, Миро Кацаров е првиот и веројатно единствениот политичар со сериозна функција, кој се „одметнал“ на естрадата! Ако не го сметаме Трифун Костовски, кој до душа и пред да стане политичар во младоста пеел, како што подоцна одново запеа и додека беше политичар!

И додека познатите естрадно-културно-спортски ликови се обидуваат да дојдат до што поголем успех и во политиката, па преку неа да ја мултиплицираат славата и заработката, се разбира покрај своите „политички убедувања, ставови и идеали“ заради кои тврдат дека влегле во политика, Мирослав Миро Кацаров, цврсто граби во естрадно-водителските води, ставајќи ја политиката во втор план, кога треба да ја истакне својата естрадна кариера.

Ете затоа за наш Миро „Де Ниро“ Кацаров може со сигурност да се каже дека е… „обратен“! Поразличен и тоа од сите останати негови колеги кои седат на „две столчиња“ – и на професионалното и на политичкото, та биле глумци, пејачи, спортисти, водители, манекенки…!

За стилот на облекувањето и да не говориме. Уште  од времето на Циле Тупурковски кога во ролка излегуваше на говорница, до ден, денес не видовме уште никој да е поразлично променет, освен во црн костум, бела кошула, вратоврска и црни чевли. До душа кај некои на белa чорапа, ама…Tоа е веќе… Коалиционен хендикеп!

 

 

Останати вести од Радио Милева