Радио Милева

Еве зошто Меган Маркл не присуствуваше на „кризниот состанок“ во кралското семејство

Еве зошто Меган Маркл не присуствуваше на „кризниот состанок“ во кралското семејство
фото: тањуг/ап/џон стилевел/пул фото

Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности и да бидат финасиски независни.

По тој повод, вчера во Велика Британија беше одржан “кризен состанок“  на кој се одлучуваше за судбината на прицот Хари и неговата сопруга.

Како што пренесоа британските медиуми, кралицата Елизабета ја поддржала одлуката на војводата и војвотката.

фото: тањуг

Меѓутоа, Маркл не присуствуваше на кралскиот состанок, а во медиумите се појавија разни приказни.

Токму поради тоа се огласи и Меган и откри зошто не присуствувала на кралскиот состанок.

Имено, потпаролот на Кенсингтонската палата изјави дека Меган не и било забрането да присуствува на состанокот туку дека Меган и Хари одлучиле дека нема потреба од нејзиното присуство.

Останати вести од Радио Милева