Радио Милева
улична латино севдалинка

Еве зошто Елена Ристеска и ДНК се „мамбо кралеви и кралица“… на латино танцот! (ФОТО+ВИДЕО)

Еве зошто Елена Ристеска и ДНК се „мамбо кралеви и кралица“… на латино танцот! (ФОТО+ВИДЕО)

Викендов, 19 мај, сабота, македонските поп ѕвезди Елена Ристевска и ар рн би дуото ДНК имаа заеднички настап… Овој пат во Шавајцарија во една од најпознатите дискотеки „Палма“.

Андреј, Панчо и Елена се лкачија во авион и… „Наш је живот Швицарска“ – како што напишала Елена покрај фотографијата на својот Инстаграм профил, парафразирајќи ја познатата песна на Дино Мерлин.

А во авионот… Манки бизнис! Практична подготовка за… „Палма“! Младост – лудост… Или добар начин како да се совлада мачнината во желудникот што ја предизвикува стравот од летање?!

Ама затоа кога ДНК и Елена ќе се појават на сцена, стравот исчезнува… Никаде го нема. Има само добра журка со нивните хитови и расположена публика која пее со нив во еден глас…

Она пак што посилниот пол го остава без здив е изгледот на Елена! Полни уши, ама и полни очи… Па цело е кога има се, зарем не! А кај  неа, Богами има!

И што да се слушне и што да се види! Затоа и собра срциња и бакнежи и секако, коментари од типот: Најубава, топ, бомба, принцеза, Dancing Queen… на своите профили на социјалните мрежи!

А кога сме веќе кај танцувањето, епитетот кралеви и кралица на играњето Елена и ДНК, не само што го заслужија на сцената, туку подоцна и го потврдија… на улица!

„Buena Vista Social Club“… има чест и задоволство да ви ги претстави специјалните гости од Македонија – танчарскато улично латино трио „Севдалинка“!  

Спомна ли некој „Баскер фест“? Фестивал на улични изведувачи и музичари?