Радио Милева

„Еве ти, дебела“: Jелена Карлеуша ја прозва Марија Шерифовиќ (фото)

„Еве ти, дебела“: Jелена Карлеуша ја прозва Марија Шерифовиќ (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм

Јелена Карлеуша е позната по тоа што нема влакна на јазикот и секогаш го кажува тоа што го мисли, иако тоа доведува до конфликт со нејзините колеги и колешки.

Иако често во „Ѕвездите на Гранд“, Јелена и Марија Шерифовиќ жестоко се караат и „навредуваат“ една со друга, досега не се случило да не зборуваат.

фото: принтскрин/инстаграм

Овојпат, Карлеуша на „Инстаграм“ ја прозва својата пријателка и колешка, Марија Шерифовиќ.

Имено, Карлеуша објави преписка со еден нутриционист која најверојатно  е задолжена за начинот на исхрана на Јелена и Марија.

фото: принтскрин/инстаграм

Во таа преписка, Јеца се жали на својата другарка откривајќи дека ги крши правилата на диетата, но и дека на Јелена и отежнува да се придржува кон начинот на исхрана.

„Еве ти, дебела“  напиша Јелена во описот на фотографијата.

Еве ја преписката.

фото: Принтскрин/инстаграм/карлеушастар