Радио Милева

Еве што вели Марија Шерифовиќ на прашањето дали би снимила дует со Јелена Карлеуша

Еве што вели Марија Шерифовиќ на прашањето дали би снимила дует со Јелена Карлеуша
фото Ненад вујановиќ

Познатата пејачка и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ во интервју за „Телеграф.рс“  зборуваше за нејзиниот настап за Нова година, за нејзиниот однос со Џејла Рамовиќ и дали би снимала дует со Јелена Карлеуша.

Шерифовиќ откри дека со победничката на последна сезона на „Ѕвездите на Гранд“  се во одлични односи.

„Не се скаравме, Џејла и понатаму ме следи, тоа е одлично“ вели пејачката.

фото: Никола Томиќ

Добро познато е дека Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша се добри пријателки, а на прашањето дали би снимала дует со Јелена, Марија вели:

„Мислам дека тоа може да биде интересно во некој момент, но не треба да се прашуваме ние затоа што секогаш се чека добра песна за дует, а во последно време се помалку има добри песни“,  вели Шерифовиќ.

фото: Принтскрин

На прашањето што мисли за хонорарите кои ќе ги заработат познатите за Нова година, пејачката вели:

„Кога ќе се пишува вистината за колку пари пееме, е тогаш ќе зборувам за тоа. Се пишуваат неточни цифри, тоа се лаги. Ние работиме за многу повеќе пари од било кој „нормален“ човек, но мислам дека нема никакви потреби да се пишува за тоа“ вели пејачката.

За потсетување, Марија најави дека следната година нема да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“.

Останати вести од Радио Милева