Радио Милева

Eве што правеа познатите на првиот ден по укинувањето на вонредната состојба во Србија

Eве што правеа познатите на првиот ден по укинувањето на вонредната состојба во Србија
фото: Дамир Дервишагиќ/курир.рс

Во Србија вчера беше укината вонредната состојба , а познатите личности веднаш побрзаа да ги завршат работите кои ги одложија поради короната.

Марина Туцаковиќ

Марина  се посвети на својата здравствена состојба, па замина во набавка на лекови.

„Не планирав ништо на првиот ден по вонредната состојба. Бев да ги купам таблетите кои ги пијам. Поради вонредната откажав да одам на скенер, па тоа ќе го направам во понеделник. Но, ќе избегнувам да се движам затоа што се уште има ризик. Поради работата, јас сум во контакт со многу луѓе, но не мора со никој да се гледам“ вели Туцаковиќ за курир.рс

Мира Шкориќ

Мира  ќе продолжи да ги почитува мерките на експертите, но заминала да направи некои неодложени работи.

„Драго ми е што полека се’ се враќа во нормала, што луѓето ќе дишат, но мора да се чуваат. Тоа е убава вест и се надевам дека ова зло нема да се врати. Јас ги почитувам мерките за заштита, но морав да завршам со еден состанок на кој чекав долго време. Пред состанокот бев на маникир и педикир“ вели Шкориќ.

Ана Бекута

Ана и нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка за време на пандемијата не се движеа, а сега ќе може да прошета.

„Исто ќе биде како и досега. Нема опуштање. Единствена разлика е тоа што Милутин сега оди во Собрание и што ќе може заедно да шетаме во време кое ние ќе го одбереме. Забележав дека луѓето не носат маска и ракавици, прават голема гршека, многу рано се опуштија“ вели пејачката за курир.рс

фото: Дамир Дервишагиќ/ курир.рс

Гоца Тржан

Гоца вели дека првиот ден по укинувањето на вонредната состојба го искористила за работен состанок.

„Вчера бевме во Нови Сад. По три месеци патувавме надвор од Белград. Денот го поминав работно бидејќи сакав нешто да направам во живо, а не телефонски и затоа што отварам нов бизнис. Потоа се вратив дома и се навикнав по 18 часот да не одам никаде. Ќе се придржуваме на мерките во смисла дека ќе живееме со намален гас. И така не сум фан на кафулињата и рестораните. Со Раша одлучивме јас да готвам бидејќи се чувствувам убаво кога произведувам храна“ вели Тржан.

фото: Драган Кадиќ/курир.рс

Аца Лукас

Аца Лукас се уште не го напуштил својот дом, па за курир.рс изјави дека е дома и го пие утринското кафе.

На прашањето како ќе го помине денот без полицски час тој вели: „Не знам, уште не ги кренав ролетните“.