Радио Милева
Пријателство преку момчето

Еве што навистина ги поврзува Анастасија Ражнатовиќ и Новак Ѓоковиќ

Еве што навистина ги поврзува Анастасија Ражнатовиќ и Новак Ѓоковиќ
фото:ата имиџис

Анастасија Ражнатовиќ и Новак Ѓоковиќ се најдоа во центарот на интересот, кога за време на тенискиот турнир „Адрија тур “ што се одржа на терените на Новак Ѓоковиќ во Белград, Анастасија Ражнатовиќ се најде како гостинка во неговиот бокс.

Во тоа време, јавноста со денови зборуваше за односот помеѓу младата пејачка sвезда и најдобриот тенисер во светот. По тој повод, Анастасија се осврна на написите во весниците:

– Тоа е ужас за мене. Имаше многу такви наслови, а најлошото за мене е што луѓето веруваат и мислат дека јас тоа го „туркам“ во весниците. И не е баш така. Пишуваат дека ќе се продаде, би сториле се за да го продадат, и не им е важно дали е вистина или не – рече Анастасија во емисијата „Ексклузив“.

Сепак, сега младата пејачка повторно даде причина јавноста да ја поврзе со Новак и да почне да шепоти за „тајната врска“ меѓу нив.

Имено, Анастасија на својот Инстаграм сподели видео од тренингот, а ја обележа и локацијата каде што се наоѓа – „Тениски центар Новак“.

По ова видео, многумина се прашуваа што ги поврзува Анастасија и Новак? И вистината е многу едноставно. Дечкото на Анастасија, Ѓорѓе Кулиќ, е близок пријател на Филип Краиновиќ, со кого исто така одлично се дружи и Анастасија, како и најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Останати вести од Радио Милева