Радио Милева
за некого рај за некого крај...

Еве на кои познати љубовни двојки во изолација им „цветаат рози“, а на кои карантинот „им ја упрска“ нивната врска (ФОТО)

Еве на кои познати љубовни двојки во изолација им „цветаат рози“, а на кои карантинот „им ја упрска“ нивната врска (ФОТО)

Пропишаните мерки за време на корона пандемијата ги погодија и познатите личности и нивните партнери.

Некои станаа уште поблиски, некои понекогаш се караа, а имаше и такви што раскинаа.

Еве на кои познати љубовни двојки во изолација им „цветаат рози“, а на кои карантинот „им ја упрска“ нивната врска.

Милица Тодоровиќ и Петар Стругар

Првиот љубовен распад што ја потресе јавната сцена беше распадот на врската на Милица Тодоровиќ и Петар Стругар. Причината за нивното прекинување е наводно оддалеченоста, затоа што Петар остана да престојува во карантин во Белград, додека Милица инсистираше да замине во изолација кај родителите во родниот Крушевац.

Ана Михајловски и Вук Костиќ

Неколку дена откако Петар Стругар и неговата понежна половина ја прекинаа врската и Вук Костиќ и Ана Михајловски објавија дека повеќе не се заедно. А причината е … што? Одново растојанието! Имено, двајцата се разделени откако е прогласена вонредна состојба, па Вук е самотник во изолација, додека Ана е во нејзиниот стан со своите деца и тоа е токму причината поради која тие ја ставаат својата врска „на пауза“.

Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ

Дарко Лазиќ имаше намера и официјално да се ожении за својата свршеничка Маринка Гагиќ во мај, кога ја планираа свадбата, но и се  договораа за крштевање и првиот роденден на синот Алексеј. Сепак, тие мораа да ги откажат своите планови. Не е познато како тоа ќе влијае на нивната врска, но дека Дарко не се сменил во изолација и продолжува да ги крши регулативите, тој покажа неодамна кога беше приведен затоа што беше фатен на улица за време на полицискиот час.

Сепак, во изолација и карантин има и поубави работи.

Надежда Билиќ и Тома Паниќ

Поранешните ријалити  учесници  станаа родители на момче кому му дадоа име Лонго! Надежта се породи предвреме, така што бебето беше задржано во болница, но парот не ја криеше среќата што го зголеми своето семејство за уште еден член, па не можеа да го дочекаат денот кога ќе го доведат својот син дома.

Лука Јовиќ и Софија Милошевиќ

Среде приказните и медиумските написи за тоа како ја нарушил изолацијата, фудбалерот Лука Јовиќ и неговата девојка, манекенката Софија Милошевиќ ја објавија добрата вест – дека чекаат бебе. Откако ја споделија веста со сите, парот се затвори во своите четири sида, повремено објавувајќи клипчиња за да покажат како се и колку  им е убаво, дури и во изолација.

Останати вести од Радио Милева