Радио Милева
„студена реакција“

Eве како кралицата Елизабета реагираше на спонтаниот абортус на Меган Маркл

Eве како кралицата Елизабета реагираше на спонтаниот абортус на Меган Маркл
фото: Профимедиа

Откако пред неколкудена во своето интервју, Меган Маркл отрки дека имала спонтан абортус со своето второ дете, не стивнуваат реакциите.

Имено, таа изјави додека ги менувала пелените на синот Арчи почувствувала болка во стомакот и дека тогаш чувствувала дека го губи своето второ дете.

По оваа вест, не престануваат реакциите, а меѓу нив се на кралицата Елизабета и принцот Чарлс.

Како што е објаснето во писмото од Бакингемската палата, кралското семејство знае за оваа тажна вест со месеци, сепак, кога станува збор за коментари за истата – нема да има.

фото: Профимедиа

Кабинетот на кралицата Елизабета соопшти дека нема да коментира за вакво многу лично прашање. Портпарол на принцот Чарлс изјави дека тој нема да коментира за приватното прашање. Кабинетот на принцот Вилијам соопшти дека нема да коментира “, е извадок од изданието на Бакингемската палата. Овој малку „студен“ одговор изненади многумина кои сметаат дека остатокот од семејството во овој момент требаше да го изразат своето јавно жалење за она што им се случи на Меган и Хари.

Сепак, извор близок до семејството, исто така, откри за британските медиуми дека палатата, и покрај фактот што не сакаше да коментира ништо, го поддржува појавувањето на Меган и Хари во медиумите и споделување на многу приватно искуство. Како што објасни, парот добил „зелено светло“ кога станува збор за споделување на приказната за абортусот со јавноста, и ова е исто така прв ваков момент во кој еден од членовите на британското кралско семејство доброволно сподели нешто толку интимно со медиумите.

Останати вести од Радио Милева