Радио Милева
се враќа во нормала

Еве каде се наоѓа Даниел Кајмакоски по немилиот настан и сомнежите дека бил отруен од бившата сопруга: „Се враќам назад каде што сè започна“

Еве каде се наоѓа Даниел Кајмакоски по немилиот настан и сомнежите дека бил отруен од бившата сопруга: „Се враќам назад каде што сè започна“
фото: принтскрин/инстаграм/даниел кајмакоски

Неодамна во домашните медиуми како бомба одекна веста дека македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски наводно бил „отруен“ од неговата поранешна сопруга, мисицата Кристина Димитриевска.

Имено, како што пренесоа некои од медиумите, пејачот бил примен во болница откако се чувствувал лошо и се посомневал дека му се слошило од кафето кое му го дала поранешната сопруга. По средбата на поранешниот пар, на Кајмакоски му се слошило.

Тогаш пејачот се огласи на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека веќе трет ден е во болница и дека ќе остави на надлежните органи да работат на расчитување на случајот.

По сомнежите дека бил отруен од бившата сопруга, мисицата Кристина Димитриевска, пејачот Даниел Кајмакоски потврди дека е во болница: „Трет ден сум овде…“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

По ова негово огласување, Даниел не беше активен на социјалните мрежи и не се знаеше каде се наоѓа, се до пред некој ден кога повторно се огласи.

Изгледа бурниот период е зад пејачот, па тој се враќа на неговите активности.

Тој во кусите приказни на Инстаграм објави фотографија од Скадарлија, а во описот напиша:

„Се враќаме таму каде што започна сè“, напиша кратко, а потоа објави фотографија од студио, а во описот стави:

„Да паднеш надолу е несреќа, да останеш долу е избор“, па останува да видиме дали победникот на Х фактор подготвува ново музичко дело.

Потсетуваме, Даниел Кајамакоски и Кристина Димитриевска се разведоа во 2019 година, а од бракот го имаат четиригодишниот син Давид.

Инаку, Димтриевска во една прилика во интервју за „Бекстејџ“ истакна дека е таа е татко и мајка на нивниот син, а дека многумина ќе разберат што сака да каже со тоа.

 

Останати вести од Радио Милева