Радио Милева

Еве каде Каролина Гочева се рекреира за време на пандемијата – пејачката без шминка, а и кога е сама во природа носи маска (фото)

Еве каде Каролина Гочева се рекреира за време на пандемијата – пејачката без шминка, а и кога е сама во природа носи маска (фото)
фото:каролина гочева/инсатграм

Додека трае пандемијата, а со тоа и вонредната состојба, полицискиот час и домашната изолација, многу потешко им паѓа на оние кои живеат во стан, отколку оние кои имаат куќа, двор, па и поголем имот каде може да го минуваат времето.

Пејачката Каролина Гочева за да не седи во станот во Скопје, замина во родната Битола во семејната куќа.

Таму времето го користи за рекреација и замина во битолското историско село Смолево кое денес е раселено.

фото:каролина гочева/инсатграм

Оттаму пред своите следбеници на Инстаграм ја покажа панорамската глетка и природата која ја опкружува.

фото:каролина гочева/инсатграм

Маската како задолжителна ја носеше и во природа , а шминката за ваква прилика беше исклучена.

фото:каролина гочева/инсатграм

Инаку, Каролина неодамна го прослави својот јубилеен 40-ти роденден.

Останати вести од Радио Милева