Радио Милева

Естрадата во минус: Еве колку финансии ќе изгубат познатите поради коронавирусот

Естрадата во минус: Еве колку финансии ќе изгубат познатите поради коронавирусот
фото: Инстаграм

Естрадата поради коронавирусот ги откажува своите настапи ширум светот.

Имено, бидејќи е прогласена пандемија и државите преземаат заштитни мерки од короната, пејачите ги отжауваат своите настапи кои биле закажани неколку месеци однапред.

Аца Лукас, Здравко Чолиќ, Лепа Брена и Весна Змијанац се принудени да ги одложат своите концерти, а со тоа се во финасиска загуба.

Лукас до крајот на месецот имал договорено три настапи, а веќе два откажал, а третиот настап е под прашање. Тој ќе изгуби околу 100 000 евра.

фото: рајко ристиќ

Чола имаше само еден концерт, па ќе изгуби 50 000 евра. Весна Змијанац е принудена своите два настапи да ги презакаже за мај.

Пејачите тврдат дека здравјето е поважно од заработката и дека не треба да се шири паника.

„Луѓето треба да ги почитуваат правилата, за да заврши тој вирус. Никој не размислува за заработката бидејќи здравјето е на прво место. Затоа не треба да ширите паника. Не ми е јасно зошто луѓето прават толку хаос таму каде што го нема. Се жалат дека немаат пари, а се купија по супермаркетите“ вели Лукас.

Лепа Брена вели дека е внимателна и ги почитува мерките.

„Треба да ги слушаме советите на докторите. Да ги следиме информациите што треба да правиме во случај на зараза и да преземем нешто за превентива. Не треба да паничиме, но дека ситуацијата е алармантна – е алармантна. Мене ми е важно здравјето на моето семејство и на целата нација. Се откажав за март и чекам да видам како  ќе се одвива ситуацијата“ вели фолк пејачката.

фoто: Милан Илиќ

Здравко Чолиќ се огласи на „Инстаграм“.

„Поради прогласената пандемија на коронавирусот се одложува концертот во Берлин. Наскоро детали за новите датуми“.

фото: З. Илиќ/рас србија

Бобан Рајовиќ за медиумите откри дека поради коронавирусот губи 60 000 евра.

„Добри луѓе, сакам ова известување да го сфатите за сериозно. Имено, јас заедно со својот менаџмент одлучивме да не работам во слендите три недели. Мислам дека во оваа ситуација тоа е најдобро, заработката треба да ја ставиме во десетти план додека не се смири целата ситуација“.

Дара Бубамара не ги откажа концертите и како што тврди работи со полна пареа.

„Не откажав ниту еден настап. Пејам во Црна Гора и Хрватска. Треба да внимаваме, но не и да паначиме. Ние сме силна нација, ќе издржиме“ вели фолк пејачката.

фото: Милан Илиќ/рас србија

Милица Тодоровиќ не смее да оди во Италија.

Милица овој викенд требаше да настапува во Италија. Меѓутоа, нејзината тезга е откажана порди коронавирусот кој најмногу ја зафати оваа држава. Забранет е влез и излез во Италија, а пејачката не се огласи по тој повод.

Нада Топчагиќ: Се капам во ракија.

„Требаше да имам неколку настапи: Златибор, Бјелина, Нови Сад. Мојот Златко доби воспалние на белите дробови и едвај остана жив. Размислувам дали мојот маж спаѓа во групата на возрасни луѓе. Мојот брат е во Италија и ми кажа дека е ситуацијата е полоша отколку во војна. Тие ќе гладуваат бидејќи не смеат да одат надвор, а јас не одам на лекар, сама се лекувам. Сега донесов 30 литри ракија, се капам во неа.

Џани: „Не излегувам од дома

„Жал ми е за луѓето кои се заразени, а мене ми е супер, малку да одморам. Се е откажано, да се одморим и јас. Не ни може ништо короната, ние сме луд народ. Јас се чувам така што пијам пиво до 4 сабајле и не излегувам од дома“ вели пејачот.

фото: Милан Илиќ/рас србија

Мира Шкориќ: „Не се плашим“

„Откажани ми се четири настапи, но да сме живи и здрави. Не се плашам, но здравјето е најважно и треба да се грижиме. Ќе има настапи. Ситуацијата е малку загрижувачка, но мислам дека премногу се паничи и дека се ќе заврши.

Марија Шерифовиќ не ги откажа своите настапи

фото: промо

„Марија не го откажа својот концерт за 11 март бидејќи дотогаш не беше донесена одлука за забрана. Сепак, на публиката и порача да биде свесна, но да не паничи. Засега под знак прашање е нејзиниот концерт во Сава Центар кој е закажан за 26 март, а  откажен е големиот концерт во Сплит“ вели од ПР службата на Марија.

Исто така и многу македонски јавни личности ги откажаа своите настапив во Македонија и регионот.

Останати вести од Радио Милева