Радио Милева

Ерос Рамацоти се разведува?! (ФОТО)

Ерос Рамацоти се разведува?! (ФОТО)

Ерос Рамацоти (56) и неговата сопруга, 26-годишната помлада манекенка Марика Пелегрини (30), ставија точка за 10-годишна љубов и петгодишната брачна заедница.

Во официјалното соопштение е потврдена веста за развод, што ги разочара обожавателите на познатиот италијански пејач.

„Зад себе минавме одлични 10 години, заедно создадовме прекрасно семејство и бевме бесконечно среќни. Нашиот однос останува пријателски, а љубовта што јаделивме е тука и понатаму. Имаме голема почит еден кон друг и ја молиме  јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период  за целото семејство“ – е наведено во заедничкото соопштение, пренесува Италијанскиот портал Анса.

Ерос и Марика почнаа да се забавуваат во 2009 година, а се земаа пет години подоцна, во 2014 година. Имаат две деца, Рафаел Марија (8) и Габри Тулиј (4).

Останати вести од Радио Милева