Радио Милева
татковска љубов

Емотивна роденденска честитка на Горан Пандев: „Ти си нашиот живот…“ (ФОТО)

Емотивна роденденска честитка на Горан Пандев: „Ти си нашиот живот…“ (ФОТО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите на сите времиња во Македонија, Горан Пандев денеска има посебна причина да слави. На неговата ќеркичка Ана и е роденден и таа полни четири години.

пандев во моментов е на подготовки со македонската фудбалска репрезентација за последните два меча со Австрија и Израел во рамките на квалификациите за Европското првенство, па за жал, не може да биде покрај својата убавица за „денот што го чекаме цела година“!

Но затоа, по тој повод популарниот Гоче на својот Инстаграм профил сподели селфи-фотка на која позираат заедно со малата  Ана, а во коментарот под неа тој напишал:

„Ти си нашиот живот. Среќен роденден љубов моја“!

Инаку, Пандев е татко на три деца. Највозрасниот, синот Филипо и ќерките Ана и најмалечката – Софија.

Останати вести од Радио Милева