Радио Милева
повредно од победата

Емотивна прегратка: Ѓоковиќ го освои Вимблдон, а синот Стефан вака му ја честиташе победата (ФОТО)

Емотивна прегратка: Ѓоковиќ го освои Вимблдон, а синот Стефан вака му ја честиташе победата (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ, по четврти пат го освои Вимблдон. Тој го порази Кевин Андерсон од Јужна Африка во финалето на отвореното првенство на Англија, а по натпреварот откри по што оваа победа се разликува од претходните.

„За прв пат во животот има некој кој вика “Тато, тато”. Дојде, иако правилата се такви што деца помали од пет години, не можат да го гледаат натпреварот, но ако во иднина уште еднаш имам можност да играм финале,  знам дека тој ќе биде тука.Ова е многу емотивен триумф за мене“ – рече Ѓоковиќ видливо возбуден што на трибината го пречекаа неговата сопруга Јелена и синот Стефан.

По натпреварот, додека Ѓоковиќ давал интервју малиот Стефан му се приближил на татко си и фрлајќи му се во прегратки силно го гушнал, по што Новак за миг го прекинал интервуто. Заедно со малиот Стефан во прегратки Ѓоковиќ и пришол на сопругата Јелена и сите заедно завршиле цврсто гушнати!

Оваа емотивна сцена го обиколи светот и воодушеви многумина.

Останати вести од Радио Милева