Радио Милева

Емотивна исповед на синот на Исидора Бјелица: „Ништо повеќе нема да биде исто“

Емотивна исповед на синот на Исидора Бјелица: „Ништо повеќе нема да биде исто“
фото: е сток

Писателката Исидора Бјелица по долго и тешко боледување почина на 52 години од опасната болест.

Веста смртта на авторката ја изненади јавноста во регионот.

Нејзиниот син, Лав Пајкиќ во исповед за ало.рс вели дека иако знаеле колку се развила болеста кај Исидора не биле подготвени за вакво нешто.

„Не знам што да ви кажам…во шок сум. Веста ме затече пополно неподготвен, иако човек колку и да има години никогаш не е подготвен да ги изгуби родителите. Како ќе го издржиме ова“, вели Лав на почетокот на разговорот.

фото: инстаграм

Како што вели дека иако бил свесен за болеста на неговата мајка, тој бил сигурен дека ќе ја победи.

„Имаше најтежок на канцер и прогнозите никогаш не беа добри. И покрај тоа, успеа да живее 8 години со таа болест“ вели Лав.

Како што вели мајка му ќе ја памети како најдрагоцена личност во животот која прерано ја изгубил.

фото: е сток

„Им благодарам на сите луѓе кои беа покрај неа, без неа ништо нема да биде исто, ние нема да сме исти. Не знам како ќе продолжам“, вели синот на авторката.

„На Вила и е најтешко. Таа е најмлада и беше многу поврзана со мама“, вели Лав низ солзи.

Тој се заблгодарил на повикот и ја спуштил слушалката.

Останати вести од Радио Милева