Радио Милева

Емина Јаховиќ за реновирање на вилата во родниоте крај потрошила огромно богатство

Емина Јаховиќ за реновирање на вилата во родниоте крај потрошила огромно богатство
фото: инстаграм

Поп пејачката Емина Јаховиќ живее во раскошна вила во Истанбул, но не заборава на своите корени.

Имено, Јаховиќ неодамна со братот Мирсад ја реновирале семејната вила во Нови Пазар во која е родена, а како што пишува ало.рс, пејачката и поранешниот кошаркар во реконструкцијата вложиле 200 000 евра.

„Иако ретко доаѓа во Нови Пазар, Емина и нејзиниот брат Мирсад многу вложија во оваа вила. Можеби поминаа две години откако последен пат ја видов. Кога доаѓа во градот нема време за соседите и за такви дружења“вели сосетката на Емина.

„Порано на тоа место се наоѓаше нивната семејна куќа на два спрата која потполно е реновирана и проширена. Тоа не можеше да чини помлаку од 200 000 евра бидејќи се користени најквалитетни материјали. Доволно е да ја видите фасадата и ќе ви јасно дека е скапо“ вели соговорникот.

фото: Инстаграм

„Не знам како нејзиниот дом изгледа од внатре, немав прилика да влезам и да видам, но слушнав дека е преубаво“ вели сосетката на Јаховиќ.

Според нејзините зборови кога била завршено реновирањето на куќата, работници со денови внесувале скап мебел.

„Дел од мебелот е донесен од саем во Белград, а другиот дел од странство. Со денови пристигнуваа камиони со столици, плакари, софи…Којзнае колку пари потрошила за мебелот. Но и треба да живее во луксузна вила“ вели сосетката на пејачката.

фото: Инстаграм

Јаховиќ ретко ги води децата во родниот крај, но кога и да одат се задржуваат кратко.

„Нејзиниот брат Мирсад има огромен ранч во близина на Црна Гора и најверојатно таму поминуваат најголем дел од времето. Во оваа населба живеат богати луѓе, а Јаховиќ тука живеат со децении. Било би срамота да една таква ѕвезда каква што е Емина да живее во мала куќа“ вели изворот и додава дека мајката на пјечаката била една од најдобрите пидијатри во регионот.

За потсетување, Емина беше во брак со Мустафа Сандал со кој има два сина.

Останати вести од Радио Милева