Радио Милева

Емина Јаховиќ стави крај на приказните за нејзиниот приватен живот: „Мустафа не ме финансира, немам ново момче“

Емина Јаховиќ стави крај на приказните за нејзиниот приватен живот: „Мустафа не ме финансира, немам ново момче“
фото: инстаграм

Пејачката Емина Јаховиќ пристигна во Белград за да ја промовира својата нова козметичка линија.

Таа за ало.рс проговори за својот нов бизнис, но и за својот емотивен живот.

„Уште на 17 години сакав да бидам шминкерка. Тоа ми беше огромна желба. Семејството ме спречи во тоа, но еве сега се занимавам со козметика на еден друг начин и среќна сум поради тоа“, вели пејачката.

фото: ало.рс

Како што вели, со нејзинот екс сопруг, Мустафа Сандал е во одлични односи.

„Ние мораме да бидеме во добри односи бидејќи имаме две деца, но што се однесува до работата, се’ сама си финансирам. Секој од нас си продолжи по својот пат и така треба да биде“ вели Емина.

На прашањето дали има ново момче, таа вели.

„Мојата среќа не зависи од партнерот. Јас се надевам дека и тоа ќе се случи еден ден, но јас сум среќна и гора и без партнер“, вели Јаховиќ.

фото: ало.рс

Еден од нејзините козметички производи е руменилото кое го нарече „кажа да“, а како што вели била инспирирана од запросувањето на нејзиниот поранешен сопруг.

„Кога Мустафа ме запроси бев многу среќна и горда. Поцрвенев и почнав да плачам. Руменилото секогаш ме потсетува на тој момент и поради тоа го нареков “she said yes“. Мустафа се уште не знае за тоа, не му кажав, но сега ќе дознае“ вели пејачката.

Останати вести од Радио Милева