Радио Милева

Емина Јаховиќ првпат проговори за смирувањето со Мустафан Сандал: „Жал ми е што се разведовме“

Емина Јаховиќ првпат проговори за смирувањето со Мустафан Сандал: „Жал ми е што се разведовме“
фото: Инстаграм/емина јаховиќ

Пејачката Емина Јаховиќ повторно е со Мустафа Сандал. Во првото интервју по смирувањето, пејачката изјави дека се кае што се развела од турската музичка ѕвезда.

„Две години по разводот ние двајца повторно сме неразделни, ако не се слушнеме или не се видиме само еден ден, веднаш се грижам да не му се случило нешто. Имаме убав однос, мислам дека на другите може да им бидеме пример. Ете, продолживме да функционираме. Нашите деца не треба да трпат, а со текот на времето повторно станавме блиски“ изјави Емина.

фото: Инстаграм

На прашањето дали во нејзиниот роден крај ја обвинуваат поради разводот со Мустафа, пејачката вели:

„Порано, додека раснев во Нов Пазар кога некоја жена ќе се разведе веднаш ја осудуваат и таа е црна овца. Денес, тоа е поразлично, многу бракови пропаѓаат. Меѓутоа, нашите синови поминаа низ траума поради разводот. Ма, ќе беше подобро јас и Мустафа  да не се разведовме. Но, изгледа таква ни е судбината“ вели Јаховиќ.

Нивниот син Јавуз, вчер (21.02.2020) славеше роденден, па пејачката на својот „Инстаграм“ објави видео каде таа, Мустафа и синот Јаман му пеат роденденска песна.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, Емина и Мустафа се разведоа пред две години, а како причина за нивниот развод ја наведоа дека љубовта меѓу нив згаснала.

Останати вести од Радио Милева