Радио Милева
(не)пријатни спомени

Емили Ратајковски ги објави фотографиите од вечерта кога наводно била силувана од фотографот: „Се сеќавам на неговите прсти во мене!“ (ФОТО)

Емили Ратајковски ги објави фотографиите од вечерта кога наводно била силувана од фотографот: „Се сеќавам на неговите прсти во мене!“ (ФОТО)

Познатиот светски топ модел Емили Ратајковски го обвини уметничкиот фотограф Џонатан Ледер дека наводно сексуално ја нападнал и се обидел да ја напаствува за време на една фотосесија во неговиот дом во Кетскилс во 2012 година.

Фотографиите кои тогаш настанале, Ледер ги објави во книгата „Jonathan Leder shoot Emily“ во 2016 година, иако Емили тврди дека немале право да ги објави.
Ратајковски на фотографиите на кои позирала во долна облека и гола ги објави на својот профил на Инстаграм и напиша: „Секогаш е забавно да се види својата работа во некое издание. Џонатан Ледер за магазинот Дариус“.

Како што таа изјавила, пиела вино и се фотографирала потполно гола. Откако завршило снимањето, а шминкерката заминала на спиење, моделот се чуствувала будно и многу пијана. Таа и фотографот се покриеле со ќебе на каучот, според нејзините изјави, тој започнал да ја прашува за нејзините момчиња и ја гледал како ги масира стопалата за да се стопли.

„Кажа дека му се допаѓа тоа што го правам со стопалата, јасно се сеќавам на тоа. Мразев дека коментира нешто што го правев. Повеќето од тоа што се случи подоцна ми е како низ магла, но се сеќавам како се чувствував. На бакнување не можам да се сетам, но можам да се сетам на неговите прсти во мене, наеднаш. Ги туркаше се посилно и посилно и навистина ме болеше. Инстиктивно го фатив за раката и го излвлеков од мене. Ништо не кажав. Тој стана и си замина“ – меѓу другото изјавила Ратајковски.

Останати вести од Радио Милева