Радио Милева

Елена Велевска за бракот: „Некои мора и полиција да ги разделува…“

Елена Велевска за бракот: „Некои мора и полиција да ги разделува…“
фото:елена велевска/инсатграм/принтскрин

Кон почетокот на годинава фолк пејачката Елена Велевска јавно призна дека на нејзиниот брак и покрај сите нејзини напори му нема спас, заедничкиот живот со сопругот пропаднал и дека во тек е бракоразводна постапка.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“, тогаш таа истакна дека разводот е во тек.

„Jaс кажав дека нема да разговарам на оваа тема бидејќи во бизнисот одлично ми оди, но не и во љубовта. Децата ми ја дават енергијата кој ми е потребна, а за маж…има многу мажи во светот“ ,кажа Елена.

фото:елена велевска/принтскрин/инсатграм

Но денес кога бракот и машко-женските односи се во прашање, Елена веќе научи и да се шегува и слатко да се изнасмее, веројатно ослободена од се’ она што претходеше.

-Некои парови бракот толку ги зближува, што после полицијата мора да ги разделува! -гласи објавата на пејачката.

фото:елена велевска/инсатграм/принтскрин

За потсетување, Елена Велевска и Марјан Мирчески беа во брак од 2008 година и имаат три деца, а откако се разведе, за Елена се шпекулираше дека има нова љубовна врска, но таа категорично ги негираше ваквите пишувања во медиумите.

Останати вести од Радио Милева