Радио Милева

Елена Велевска во ново освежено издание, моќно и секси во црно (фото)

Елена Велевска во ново освежено издание, моќно и секси во црно (фото)

Позитивните новитети во животот секогаш ни даваат нова енергија, инспирација, мотивација…

Фолк пејачката Елена Велевска откако со сопругот решија да му дадат втора шанса на бракот и заедничкиот живот, се поднови со луксузен автомобил од марката Мерцедес.

Тука се секако и децата да ја радуваат и да и го прават денот поубав, но како и секоја жена, така и Елена ужива во физичките промени кои ги прави на себе, а ја полнат со самодоверба.

Во текот на својата кариера, кога е изгледот во прашање, таа често соработува со проверени стилисти кои се грижат да изгледа модерно и адекватно на нејзиниот сензибилитет како естрадна личност.

Меѓу последните објави на социјалните мрежи, Елена објави фотографија на која изгледа моќно во црн елегантен костум кој ја истакна нејзината женска и секси доминација, а пак нешто попразличната шминка од претходно, направи да изгледа свежо и енергично.

На стотици нејзини пријатели, обожаватели и следбеници им се допадна ова ултра маркантно издание, за кое не пропуштија да ја пофалат со комплименти.

фото:fesjbuk/instagram