Радио Милева

Елена Велевска во бикини кое ги освои дамите (фото)

Елена Велевска во бикини кое ги освои дамите (фото)
фотоеленавелевска/инстаграм

Познатите Македонки ова лето 2019-то не многу се расположени за објавување на летни и секси фотографии во костим за капење. Но, затоа фолк пејачката Елена Велевска доминира по тоа прашање.

Имено, нејзиниот Инстаграм профил е преполн со професионални фотографии на кои таа позира во разни модели на костими.

фото:инстаграм/еленавелевска

На некои е покрај базен, на други покрај езеро во Охрид, а има и такви од море. Но, каде и да е локацијата, фокусот секогаш е на згодната Елена која со својата појава ги освојува фановите кои редовно ја мотивираат со ласкави комплименти во коментарите.

фото:инстаграм/еленавелевска

Бикини или едноделен костим, Велевска е риба ипол и мајка на три деца која самоувререно ја истакнува женственоста и сексапилот.

Меѓу повеќето пози и модели на бикини, црно- белиот со карнери и полу танга, ги освои припадничките на понежниот пол, а за тоа секако најзаслужно беше виткото тело на пејачката кое е во перфектна форма.

фото:инстаграм/еленавелевска

фото:инстаграм/еленавелевска

Останати вести од Радио Милева