Радио Милева
пу, пу, машала...

Елена Велевска „пука“ од сексапил во секоја комбинација, но се сеќавате ли како изгледаше фолкерката на почетокот на кариерата? (ФОТО+ВИДЕО)

Елена Велевска „пука“ од сексапил во секоја комбинација, но се сеќавате ли како изгледаше фолкерката на почетокот на кариерата? (ФОТО+ВИДЕО)

Елена Велевска важи за една од најдобрите, најпопуларните и секако најбараните фолк поп пејачки кај нас.

Што и да облече го носи со стил, па за неа  важи дека е една од дамите на домашната сцена која што секогаш внимава на својот изглед и имиџ. Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста, која редовно ја информира за себе и својата кариера на социјалните мрежи, по што следуваат лавина на коментари, лајкови и споделувања.

Во последното телевизиско гостување Велевска се појави во фармерки кои се светски хит, фармерки кои можат да се видат на сите девојки кои ја диктираат модата,а она кое што е чудно е што Елена ретко може да се види во вакво издание.

Дека и овој пат го направила Вистинскиот избор говорат и големиот број на лајкови и коментари и дека во вакво „закопчано издание” од гради до глуждови, Велевска пука од сексапил по сите основи.

Но дали Елена отсегош изгледала вака, од првото појавување, првиот снимен видеоспот?

Можеби не токму исто, не вака како денес, иако е факт дека уште со нејзиното прво појавување постави некои стандарди кои дотогаш не беа видени.

Првата песна која Велевска ја снимила се вика “Сонувам”, но дури по објавувањето на “Пу,пу машала” го сврте вниманието кон себе и оттаму се’ започна. Првиот спот Елена го платила 1500 тогашни германски марки, а и денеска таа важи за една од оние кои најмногу вложуваат во сите сегменти на својата кариера, па и кога се видео записите во прашање. Досега Велевска има соработувано со најеминентните режисери кај нас, но и пошироко меѓу кои: Александар Ристовски-Принц, Чедо Поповски, Даниел Јовевски, Бане Поповиќ… а покрај нашите македонски, тука се уште и српскиот режисер Дејан Миличевиќ, како и соработката со еден од најдобрите во соседна Бугарија, Љуси.

Велевска не изгледа многу различно од првиото видео до сега, освен бојата на косата и имиџот, што е логично, зашто и модата со текот на времето се менуваше, а и самата таа, која и денес изгледа привлечно, пожелно, секси, атрактивна е и згодна  и покрај тоа што има родено три дечиња.

И понатаму има успешна кариера, договор со продукциска куќа надвор од Македонија и за нејзините настапии концерти се бара место или билет повеќе и во Македонија и надвор од неа, во дијасопората. Или што би се рекло, како во песната: „Пу, пу машала… Да не ја урочиме…“!

Еве мало потсетување како изгледаше Елена Велевска во првиот свој снимен видеоспот:

Останати вести од Радио Милева