Радио Милева

Елена Велевска: „Луѓето станаа многу искомплексирани, време е да се преиспитаме!“

Елена Велевска: „Луѓето станаа многу искомплексирани, време е да се преиспитаме!“
фото:инстаграм/елена велевска

Сите сме и повеќе од свесни дека модерното време и супериорната технологија максимално ги сменија навиките и животниот тек на човештвото.

Ако некогаш повеќе уживавме во непосредните дружби, гостите во домот или генерално социјалнизацијата, денес тоа како да исчезна, а главно место зазема виртуелната комуникација.

Каде и да се свртиме секој во рака го држи мобилниот телефон, иако некој веќе има до него. Пејачката Елена Велевска иритирана од овој момент се обрати на јавноста токму за оваа тема и вели:

фото:инстаграм/елена велевска

-Најголемиот порок денес „смарт телефоните“. Скоро и да не ни треба никој освен мобилниот, но до кога? Живееме во многу себичен свет, луѓето станаа многу искомплексирани, создавајќи идоли од нечиј живот и уништувајќи се пред себе за да бидат како некого. Време е да се преиспитаме кои сме ние реално, што сме направиле со нашиот живот и каков пример ќе оставиме од нас за идните генерации. Да ја разбудиме што побрзо свеста кај луѓето, додека не е доцна. Слободното време, почитта и љубовта да им ги покажеме на оние кои ни значат додека сме покрај нив и да не дозволиме мобилните да ни бидат поинтересни од таквите моменти. Со почит Елена Велевска!

Останати вести од Радио Милева