Радио Милева
„Ти благодарам за гените и безусловната љубов“

Елена Стојановска сите добри гени ги должи на мајка си чија копија е (фото)

Елена Стојановска сите добри гени ги должи на мајка си чија копија е (фото)
фото: Инстаграм/елена стојановска

Водителката Елена Стојановска важи за позитивно, шармантно, ТВ водителско лице кое имаме прилика да го гледаме секој ден на утринската програма на Сител телевизија.

Секој ден од раните утрински часови е расположена професионално да си ја врши својата работа.

фото: Инстаграм/елена стојановска

Елена е активна на социјалните мрежи каде што често објавува фотографии како од студио, од професионалниот живот, така понекогаш знае да открие и по некој приватен детаљ.

Елена Стојановска откри како го запознала сопругот: „Огнен е мојот прв вистински партнер“ (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Водителката е во повеќегодишен брак со сопругот Огнен со кој има ќерка, но сепак Елена не ги експонира многу често членовите на нејзиното семејство, освен ако има убав повод.


Сепак, овојпат таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка во младоста со цел да и го честита роденденот.

„Кралице моја најубава, среќен роденден. Фала за сè, од гени до безусловна љубов. Мама“, напиша таа покрај фотографијата.

фото: Инстаграм/елена стојановска

Од објавата може да се забележи дека младата и шармантна водителка е копија на својата мајка и е јасно од кого ја наследила убавината.

Останати вести од Радио Милева