Радио Милева

Елена Стефановска беше пријателка на Исидора Бјелица: Македонската водителка со емотивна порака се прости од писателката

Елена Стефановска беше пријателка на Исидора Бјелица: Македонската водителка со емотивна порака се прости од писателката
фото: фејсбук

Веста за смртта на Исидора Бјелица ја изненади како регионалната така и домашната јавноста.

Како што пренесуваат српските медиуми, Исидора последните денови ги поминувала во Македонија.

Имено,  наводно таа била во Охрид на викенд, но бидејќи и се влошила здравствената состојба таа се вратила во Србија и била пренесена во болница каде и починала, пишуваат курир.рс

Во 2012 година на писателката и беше дијагностициран рак, а по долго и тешко лекување, писателката ја изгуби борбата со болеста.

Нејзините пријатели, колеги, соработници од регионот со емотивни пораки преку социјалните мрежи се простуваат од Бјелица.

Добро познато е дека македонската водителка на „Живот со стил“, Елена Стефановска неколку пати ја угости Исидора во својата емисија.

Освен тоа тие беа и добри пријателки. Веста за смртта на Бјелица ја погоди и изненади Стефановска која преку „Фејсбук“ се прости од својата драга пријателка.

„Тажно, многу тажно моја пријателке
Многу ме изненади веста. 52 години а не напушти толку бргу.. Почивај во небесниот рај ❤
Те сакам засекогаш!, напиша Стефановска во опсиот на заедничката фотографија.

Освен Елена Стефановска, преку кусите приказни на „Инстаграм“, од Бјелица се простија и Елена Велевска, Миа Костова, Марјана Стојановска.

фото: инстаграм

Инаку, Исидора ќе остане позната по своите бестселери, а меѓу нејзини најпознати книги се „Спас“, „Сама“, „Помагајте пријателки“, „Мирисот на небото“ и други.

Во продолжение погледнете го последното гостување на Исидора во „Живот со стил“.

Останати вести од Радио Милева