Радио Милева

Елена Ристеска за својата внука: „Без разлика колку деца Бог ќе ми подари, ти секогаш ќе бидеш мое прво дете“

Елена Ристеска за својата внука: „Без разлика колку деца Бог ќе ми подари, ти секогаш ќе бидеш мое прво дете“
фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска_ера

Македонската пејачка Елена Ристеска периодов е фокусирана на својот нов бизнис односно неодамна ланисираше парфеми од својата колекција „ЕRA“.

Својата музичка кариера ја стави во втор план, а и сега повеќе е посветена на промоција и рекламирање на својот нов ангажман, бизнис.

Пејачката е активна на социјалните мрежи и ги известува своите фанови за своите нови активности, успеси.

Меѓутоа, деновиве Ристеска имаше посебен повод за славење и радување, но не е на професионален план.

Имено, пејачката ужива во својата улога на тетка, па секој слободен момент го користи за да го помине со својата внука Делфина, а деновиве Елена со посебна честитка и се обрати на внуката.

фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска_ера

Имено, таа наполни шест години, а токму по тој повод, пејачката на својот „Инстаграм“ објави серија од неколку фотографии направени на роденденот на Делфи и се обрати со емотивна порака.

фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска_ера

„Најхрабриот лав што го знам, се бори како лавица откако се роди. Најслаткото дете што сум го запознала, како да излегла од цртан филм. Понекогаш се запрашувам дали зборувам со дете или со возрасен – толку е паметна. Некогаш не сум сигурна дали е мое дете или на сестра ми – како јас да сум ја родила, толку многу ја сакам – како свое дете. И без разлика колку деца ќе ми даде Бог, таа секогаш ќе биде моето прво дете. Те сакам, Делфина. Единствената причина поради која останувам овде си ти“, напиша Елена во описот на објавата.

фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска_ера

Со роденденска торта, роденденски свеќички, другарчиња и најблиските членови на семејството, внуката на Елена го прослави својот роденден, а Ристеска сигурно била среќна и горда тетка.

фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска_ера

Инаку,  новата колекција на парфеми беше инспирација на Делфина да направи еден цртеж за својата тетка.

фото: принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева