Радио Милева

Елена Ристеска за летот од Америка: „Пар луѓе ни се смееја, да не имате корона?!“ (фото)

Елена Ристеска за летот од Америка: „Пар луѓе ни се смееја, да не имате корона?!“ (фото)
фото:елена ристеска/инстаграм

Пејачката Елена Ристеска кон почетоков на месецот беше излезена од државата, односно леташе прекуокеански до Америка каде престојуваше извесно време по што се врати.

Тогаш коронавирусот не беше во „силен пламен“ како сега, но Елена откри дека била совесна штитејќи се од заразата.

Таа објави фотографија од летот каде носи маска, а за иста напиша:

-Оваа силика е на враќање од Амрика на почетокот на март, едвај издржав толку саати со маска ама важно се заштитив од зараза. Само нема да заборавам дека пар луѓе ни се смееја како: Да не имате корона? Се прашувам дали и сега се смеат?! –пишува Елена.

Таа од домашна изолација уште еднаш апелира до сите да седат дома, а кога мора да излегуваат без исклучок да носат маска!

Останати вести од Радио Милева