Радио Милева

Елена Ристеска со неколку ретро фотографии и емотивна порака се обрати на својата сестра: „Без тебе мојот живот би бил празен“

Елена Ристеска со неколку ретро фотографии и емотивна порака се обрати на својата сестра: „Без тебе мојот живот би бил празен“
фото: Инстаграм

Македонската пејачка Елена Ристеска моментално ја стави својата музичка кариера на пазуа, па потполно е посветена на својот нов професионален ангажаман односно лансираше парфем со својот потпис.

Таа има на што да биде горда и да се радува, а позитивните коментари и поддршката пристигнуваат како од нејзините следбеници, така и од најблиските членови на семејството.

Елена не е од оние пејачки која постојано ќе го пласира својот приватен живот на социјалните мрежи. Така, на нејзиниот „Инстаграм“ ретко може да видите фотографии кои не се поврзани со нејзината професија, кариера, активности.

фото: дејан димковски

Деновиве, пејачката направи исклучок и имаше голем повод јавно да и се обрати на својата сестра Драгица.

Имено, таа објави неколку ретро заеднички фотографии, а во описот со емотивна порака го честиташе роденденот на нејзината сакана сестричка.

„Среќен роденден моја сестро. Ти благодарам што постоиш, ти благодарам што си најдобра сестра, најдобара пријателка, најдобра учителка, најдобар пример, најдобра поддршка, комичарот во нашето семејство. Најпосветена мајка, ќерка и сестра…и уште многу работи кои не може да се опишат со зборови. Секој ден му се заблагодарувам на Бога што ми даде сестра и најдобра пријателка во една личност. Да не беше ти, твојата креативност, твоето чувство за дизајн јас немаше да ја создадам „ЕРА“ козметиката. Без тебе мојот живот би бил безначаен и празен. Те сакам“ напиша Ристеска покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era) on

Под објавата се нижеа честитки за сестрата на пејачката.

Останати вести од Радио Милева