Радио Милева

Елена Ристеска со емотивна посвета за нејзиниот починат татко: „Дојдоа и тие денови, ужасно ми недостигаш“

Елена Ристеска со емотивна посвета за нејзиниот починат татко: „Дојдоа и тие денови, ужасно ми недостигаш“
фото: Принтскрин/инстаграм

Македонската пејачка на својот „Фејсбук“ профил сподели емотивна порака која ја посвети на една драга личност која многу и недостига.

Имено, таткото на Елена по кратко боледување почина пред три години, а тој и беше најголема поддршка.

Од тој ден, Елена често се потсетува на нејзиниот родител, а посебно на тој посветува емотивна порака.

Имено, Ристеска на социјалните мрежи сподели спомен односно статус од пред 3 години кој го посветила на својот татко, а во описот на статусот ја напиша следната посвета:

„Од овој пост поминаа 3години, сеуште не го употребувам зборот “беше”, а тагата е секој ден се’ поголема. Оваа болка времето не ја лечи , ниту мислам дека некогаш ќе помине и избледи. Кнедлата во грло тогаш почна да се всадува, сега веќе е фиксна и не се искоренува. А во стомакот празнина и чувство на глад. Глад за татковска љубов. Мразам што се сеќавам на моментите кога ќе го изнервирав како и секое дете, и ми викаше: ќе ти фалам еден ден. Дојдоа и тие денови, ужасно ни недостигаш!“ напиша Ристеска на својот Фејсбук.

Елена во една прилика изјави дека татко и бил најголемата поддршка во нејзиниот живот и истакна кој негов совет ќе го памети за цел живот.

Ахххх… неговите совети не беа за ова денешно турбулентно време. Тој беше најдобриот човек на планетата. Ми велеше: „Елена, ако те удрат по образ, сврти им го и другиот”. Затоа станав човек кој седи и чека да го удираат сите нешта и луѓе, скандали, непријатели и не преземам ништо по тоа прашање, само си ја чекам правдата од Бога. Татко ми им имаше помогнато на милион луѓе, но и на таквите кои не заслужиле. Се сеќавам дека на еден професор, кој му бил ноќна мора во средно училиште, му го вработи синот по многу години, но и никогаш не му кажал дека трпел неправда токму од него, додека бил во средно училиште, едноставно, му помогнал. Имам чувство дека таков човек нема да се роди повторно.“ изјави Ристеска во една прилика.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева