Радио Милева
згодна женска

Елена Миленковска се „скоцка“ што едвај би ја препознале на прва (фото)

Елена Миленковска се „скоцка“ што едвај би ја препознале на прва (фото)
фото: инстаграм/елена миленковска

Македонската пејачка Елена Миленковска учествуваше во „Ѕвездите на Гранд 2019/20“ година, но поради својата бременост таа го напушти музичкото шоу.

Елена се породи во јуни претходната година, а тогаш „ЅГ“ беа прекинати поради пандемијата со коронавирусот.

Меѓутоа, по намалување на мерките за заштита од Ковид 19, некаде во септември Поповиќ заедно со екипата се вратија на снимања и воведоа некои нови правила.

Имено, освен што се натпреваруваат старите кандидати кои ги поминале првите кругови, се натпреваруваат и нови кандидати кои ги подготвува новиот музички директор на Гранд, Александар Милиќ Мили.

Па, така речиси неполна година од породувањето, Елена повторно се пријави во музичкото шоу. Пред неколку недели беше нејзиниот прв настап во оваа сезона, а таа доби пет гласа и помина понатаму.

Изминатиот период, Миленковска заедно со својот ментор Мили се подготвуваше за следниот круг.

фото: инстаграм/елена миленковска

Деновиве, се снимаат и нови емисии на „Ѕвездите на Гранд“, а во нив ќе учествува и македонската пејачка.

Токму по тој повод, Елена се „скоцка“, па едвај би ја препознале на прва.

фото: инстаграм/елена миленковска

Како ќе се претстави Миленковска и дали ќе доминира на сцената на „Гранд“, останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева