Радио Милева
роденденски бакнеж

Елена Миленковска момчето го остави без воздух: „Диши малку, убавице“ (ФОТО)

Елена Миленковска момчето го остави без воздух: „Диши малку, убавице“ (ФОТО)

По учеството во последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска остана да живее и гради кариера во Белград. Патем, Еленче по грчката љубовна романса, влета во  во врска со учесникот од „Ѕвездите на Гранд“, Гуте  Маринковиќ, а истата ја обелоденија на социјалните мрежи со заеднички фотографии.

Денес, 20 август на Елена и е роденден. Честитки стигаат од сите страни. И подароци…

Што и подарил Гуте вчеравечер по полноќ во долгата романтична ноќ на нашата убавица останува тајна.  Од фотографијата на нејзините инстаграм приказани само се наѕира она што се нарекува размена на роденденски нежности во романтична атмосфера.

Ама затоа, она што Елена му го возврати на своето момче, во кое од Скопје се гледа дека е лудо вљубена, Гуте едвај го преживеа!

Роденденскиот филмски бакнеж со кој Елена му ја возврати честитката, Гуте речиси го остави без воздух! Зашто Елена најпрвин силно го грабна за главата, па така сочно го „залапа“, што сирот Гуте за малку што не престана да дише!

Кога некако дојде при себе и зема здив, „Гранд љубовникот“ мораше малку да прилегне за да земе душа.

Сега Гуте знае дека, кога љуби Македонка мома, те остава без здив…  А кој му е „крив“, пардон, виновен, кога одбрал во неа да биде заљубен! Епа, среќен роденден!

 

Останати вести од Радио Милева