Радио Милева

Елена Миленковска ќе биде грчка или српска снаа: Македонката е во љубовна врска со овој кандидат од „Ѕвездите на Гранд?“

Елена Миленковска ќе биде грчка или српска снаа: Македонката е во љубовна врска со овој кандидат од „Ѕвездите на Гранд?“
фото: Принтскрин/инстаграм/еленамиленковска

Кон крајот на јуни заврши дванаесетатта сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на  Гранд“, а победата ја однесе Џејла Рамовиќ.

Оваа сеозна се натпреваруваа многу македонски кандидати, некои од нив испаднаа уште на почетокот, а некои стигнаа до самото финале.

Меѓу оние кои оставија впечаток се Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Филип Пецовски, Дарко Даринос, Елена Миленковска….

Иако на сцената можеби беа противкандидати и конкуренција еден на друг, зад камерите сепак имаше дружење.

Имено, по завршувањето на сезоната некои од кандидатите од шоуто пристигнаа во Скопје каде заедно со Елена шетаа низ македонската метропола.

фото: фејсбук

Потоа екипата од Скопје се упати во еден од најубавите туристички градови во Македонија, поточно Охрид.

фото: фејсбук

Меѓутоа, Елена во последно време на социјалните мрежи често објавува фотографии со учесникот во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Гуте Маринковиќ.

фото: фејсбук

Во една од фотографиите на кои се Гуте и Елена во објавата стои: „Нека живее љубовта.“

фото: Принтксрин/инстаграм/еленамиленковска

Исто така и Гуте на неговиот „Инстаграм“ има објавено фотографија со Елена каде се пригранати,а во описот на фотографијата пишува: „Со една девојка во Македонија“ пишува.

фото: Принтскрин/инстаграм/гутемаринковиќ

Од друга страна на социјалните мрежи има и отворен профил под името gute_elena_najlepsi_par.

фото: принтскрин/инстаграм

Инаку, Миленковска откако започна да се натпреварува во музичкото шоу започна да живее во Белград.

фото: Инстаграм

 

Во една прилика, Миленковска беше во собата за емоции каде го подржуваше Гуте додека тој се натпреваруваше на сцена.

фото: принтсркин/јутуб

Гуте во „Ѕвездите на Гранд“ беше под менторство на Ана Бекута, во тимот каде што беше и Елена Миленковска. Освен на сцената, тие имаа прилика и да се дружат додека се подготвуваа и за следниот круг.

Инаку, таа неодамна за македонските медиуми изјави дека е во љубовна врска со момче од нашиот јужен сосед, па често е на релација Скопје – Белград – Грција.

„Се е во најдобар ред. Тој доаѓа често во Србија, а неодамна и јас бев кај него. Се ќе биде супер“ изјави во едно интервју Миленковска.

фото: инстаграм

Дали Елена ја прекинала врската со Гркот и започнала врска со Гуте, не знаеме. Дали Миленковска ќе биде српска или грчка снаа останува да видиме…

Останати вести од Радио Милева