Радио Милева

Eлена Миленковска ја објави првата фотографија од новородениот син (фото)

Eлена Миленковска ја објави првата фотографија од новородениот син (фото)
фото: Инстаграм/еленамиленковска

Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ за првпат се реализираа во улогата на родители.

Елена и Гуте станаа родители на нивното прво дете, односно синот за кој го одбраа синот Максим.

Среќниот и гордиот татко прв на социјалните мрежи ги сподели радосните вести за пристигнување на новиот член на семејството.

Неколку часа по породување, Елена исто така се огласи и на својот „Инстаграм“ ја објави првата фотографија со синот, а во описот напиша:

„Хеј, свете, дали ме слушаш? Мојата среќа е поголема од небото. Синоќа на свет дојде нашето мало чудо кое има 3.770 кг. Благодарна сум на Бога што имам прилика да почувствувам толку голема љубов и што се остварив како мајка.

фото: Инстаграм/еленамиленковска

Благодарна сум на тебе Максиме што вчера заедно се боревме да се што побрзо видиме и гушнеме. Беше магично. Момент кој ќе го паметам засекогаш. Благодарна сум на мојот сопруг, мојот најдобар пријател и поддршка. Ти благодарам што ми го подари најдобриот подарок бидејќи Максим е круна на нашата љубов. Многу ве сакам семејство мое и едвај чекам да дојда дома и да не се спојат мирисите“.

фото: Инстаграм/еленамиленковска

За потсетување, Елена и Гуте се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“,  а на почетокот на година официјално запливаа во брачните води.

Честитки, да е жив и здрав синот!

Останати вести од Радио Милева