Радио Милева
македонска годишнина

Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ ја слават првата годишнина од бракот: „Секој ден со тебе е привилегија“

Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ ја слават првата годишнина од бракот: „Секој ден со тебе е привилегија“
фото: принтскрин/инстаграм/елена миленковска

Елена  Миленковска и Гуте Маринковиќ се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“. Тие заедно беа под менторство на Ана Бекута, па тогаш се запознаа и започнаа емотивна врска.

Елена и Гуте по неколкумесечна врска, во февруари претходната година го кажаа судбоносното „да“ и запливаа во брачните води.

Потоа, по неколку месеци поточно во јуни 2020 го добија синот Максим кој наскоро ќе наполни една година.

фото: принтскрин/инстаграм/ елена миленковска

Елена и Гуте вчера (22.02.2021) го славеа своето првенче, односно прва година од бракот.

Токму по тој повод, Елена со емотивна порака му се обрати на саканиот.

„Мојата поддршка, мојот пријател, мојот мир, мојата љубов. Секој ден со тебе е привилегија. Среќна нека ни е македонската годишнина. Ние сме од тие кои што имаат две годишнини. Па, какви сме среќници за се’, па и затоа“, напиша македонската пејачката покрај фотографијата.

Инаку, Елена и Гуте направија регистрација и мала семејна прослава во Белград, а во февруари претходната година направија свадба и во Скопје.

Среќна годишнина.

Останати вести од Радио Милева