Радио Милева
вистина или лага

Елена Китиќ ја криела врската со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан: Девојката му е сега бремена, а пејачката претходно му посветила своја песна? (ФОТО)

Елена Китиќ ја криела врската со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан: Девојката му е сега бремена, а пејачката претходно му посветила своја песна? (ФОТО)

Пејачката Елена Китиќ постојано ги воодушевува своите следбеници со секси фотографии како оние од одморот и видеото на кое пееше топлес. Но, освен  музиката и тоа што е ќерка на славните фолкери Миле Китиќ и Марта Савиќ, нема многу информации за нејзиниот приватен живот.

Во интервјуата нејзините родители истакнаа дека се горди на неа, како и тоа дека за нејзиниот 18-ти роденден, Елена ја замолила да сними две видеа во Америка.

Својата музичка кариера ја започна со песната „Подобри денови“, за која малкумина знаат дека постои. Песната е на англиски јазик (Better days) и е придружена со многу интересно видео. Две години подоцна беше објавена нејзината песна „Фолира“, која сега има околу 36 милиони прегледи.

По објавувањето на таа песна, медиумите започнаа да шпекулираат дека пејачката оваа песна му ја посветила на Мирко Шијан, синот на Гоца Божиновска. Двајцата, наводно, биле во кратка емотивна врска. Сепак, доволно интензивна штом таа одлучила да му посвети песна на своето поранешно момче. Кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, имавме можност да гледаме фотографии на социјалните мрежи со фудбалерот Аднан Хафиз, кој е на иста возраст со Елена. Двајцата еднаш поставија заеднички фотографии од едно нивно заедничко патување, но по раскинувањето на врската, Елена повеќе не престави ниту едно од своите момчиња пред јавноста.

Но, веднаш штом осамнаа ваквите написи во српските медиуми, Елена Китиќ веднаш се огласи на својот Инстаграм.

Таа во Инстаграм приказните ги сподели насловите со свој кус коментар: „Лага! Срамота е ова што го пишувате“!

Останати вести од Радио Милева